• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Коалиција „Вреди“: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес

Коалиција „Вреди“: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес

Скопје, 10 март 2025 

Новиот Артан Груби се обидува да ги демантира Али Ахмети и Бујар Османи. Очигледно најавите за бојкот на локалните избори му ги загрозуваат шемите на Блерим Беџети со Данела Арсовска.

Не случајно поранешниот заменик градоначалник на Скопје на говорницата во Советот изјави дека Данела Арсовска за градот се служи со искуствата од Сарај. На 6 месеци пред почеток на кампањата на Беџети не му одговара лузерската тема за бојкот бидејќи не може до крај да ги реализира комбинациите за профит.

 Едноставно, никој не сака да биде во друштво со губитници. Затоа, Беџети ја модификува тезата, демек ДУИ бил спремен за избори ама тие немале да се одржат ако се чепнел Албанскиот јазик.

Коалицијата ВРЕДИ му порачува на ова изгубено раководство на ДУИ: Прво, не се чепка во Албанскиот јазик туку се постапува и ќе се постапува за санкционирање на криминалот на вашите поранешни функционери. Второ, сценариото за политичка криза што го договарате со политичари што се на црна листа е поврзано исклучиво со вашиот патолошки страв од пораз на локалните избори. Трето, Албанскиот народ не е наивен да дозволи едни обични лопови од ДУИ да го манипулираат со лажни приказни за наводна “деалбанизација” и затоа следува жестока казна која ќе ве испрати на буништето на политичката историја.

Коалиција „Вреди“ 

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива 

Остани поврзан