Коалиција „Вреди“: Албанскиот спорт доживува вистинска преродба
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 20 ноември 2024
За време на 20-годишното владеење на ДУИ, албанските спортисти и
албанските клубови беа запоставени и дискриминирани. Албанскиот спорт
стагнираше, останувајќи го во жална состојба. Албанските клубови беа
маргинализирани и исклучени од институционална поддршка, често поради
измислени процедури кои ги спречуваа да ја добијат потребната помош.
Со заминувањето на ДУИ од власт се отвораат нови можности за албанските
спортисти. Промената на власта имаше позитивно влијание врз секој
сектор, вклучувајќи го и спортот. Спортот е пасош на гордоста за секој
народ и во него нема простор за поделби или дискриминација.
Денес, со ВЛЕН на власт, албанските спортови и клубови ја добиваат
заслужената поддршка што им недостигаше во последните години. Со
соодветно финансирање, албанските клубови жнеат успеси, како што е
случајот со WHC Чаир, кој стигна до четвртфиналето на европските купови.
Ова е само почеток на успехот!
ВЛЕН постојано работи на тоа посветеноста за поддршка на албанскиот
спорт да биде направена со максимална одговорност и внимание за да се
подобри состојбата на албанските клубови во позитивна смисла.
Коалицијата ВЛЕН нема да застане тука. Некогаш спортската сала
“Партизан“ беше симбол на насмевката, натпреварувањето и спортскиот дух
на Чаир, а денес состојбата на оваа сала е тажна. Нашата заменик
министерка за спорт, Сафије Садики Шахини, со конкретни акции го започна
проектирањето на реконструкцијата на оваа сала за да се врати сјајот што
го имаше некогаш
Промената не е само ветување, туку реалност заснована на конкретни
акции. Со ВЛЕН, албанскиот спорт во Северна Македонија доживува
вистинска преродба.
Делата се синоним на Коалицијата ВЛЕН.
Коалиција „Вреди“
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива