• сабота, 27 јули 2024

Клоп по триумфот во Лига купот: Целосно лудило

Клоп по триумфот во Лига купот: Целосно лудило

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги искажа своите впечатоци по победата на неговиот тим во англискиот Лига куп.

Во финалето на турнирот „Црвените“ вчеравечер го победија Челзи со резултат 1:0. Решавачкиот гол го постигна во 118. минута дефанзивецот Вирџил ван Дајк.

- Ова што се случи овде е целосно лудило, такви работи се невозможни. Тимот покажа карактер. Многу сум горд што сум дел од ова. Лудото е што го заслужуваме тоа. Во некои моменти имавме среќа, во други имаше среќа противникот. Момците се покажаа, беше навистина кул. Сигурен сум дека ние ги привлековме сите млади. Ни требаа свежи играчи и тие ја завршија работата, изјави Клоп за „BBC“.

Ливерпул по десетти пат во историјата го освои англискиот Лига куп. Тимот го држи рекордот по победи на турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан