Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев
- Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина

Киев, 11 април 2022 (МИА) - Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина.
- Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека тој се откажал од желбата да го заземе главниот град, истакна Кличко.
Тој додаде дека е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена.
- Главниот град мора и понатаму да биде подготвен за одбрана, посочи Кличко.
Тој истакна дека „окупаторите продолжуваат да вршат злосторства и геноцид врз украинскиот народ во регионите што ги освоиле“. ми/