Кличко: Киев влезе во фаза на одбрана
- Градот влезе во фаза на одбрана. Истрели и експлозии одекнуваат во некои делови од градот каде што веќе влегоа саботери, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Киев, 25 февруари 2022 (МИА) - Градот влезе во фаза на одбрана. Истрели и експлозии одекнуваат во некои делови од градот каде што веќе влегоа саботери, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Тој додаде дека „непријателот сака да го фрли градот на колена и да го уништи“. паг/