• четврток, 14 ноември 2024

Клиника за гастроентерохепатологија доби нов ултразвучен апарат

Клиника за гастроентерохепатологија доби нов ултразвучен апарат
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиниката. Д-р Калина Гривчева Старделова, упатувајќи благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“,  на настанот изјави дека овој апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и можност рано да се забележат сите оние сомнителни промени во градбата на црниот дроб кои потенцијално би ги доиспитале и ако се покажат потребни за интервенција би интервенирале понатака. - Превенцијата би била со следење на потенцијални пациенти кои можно би добиле карцином на црн дроб, лекување на вирусните хепатити Б и Ц, рана детекција е нешто што е апсолутно секаде идеја како би се третирало, рече таа. Дополни дека овој апарат е од новата генерација, и, како што рече „нас и на нашите пациенти неизмерно многу ни значи“. Јанинка Чупаркоска од Фондацијата „Никола Јанчев“ истакна дека при едно вакво време на глобално здравство и економска криза, сепак успеале да дадат еден хуман акт со доделувањето на ултразвучниот ехо-апарат кој што е во вредност од два милиони и триста илјади денари. - Нашата донација има една единствена цел а тоа е да им помага на луѓето преку хуманитарни активности, рече таа. ар/лв/

Остани поврзан