• недела, 22 декември 2024

Климатска конференција во Баку: Амбициозен план за финансирање на климатските акции

Климатска конференција во Баку: Амбициозен план за финансирање на климатските акции

Баку, 22 ноември 2024 (МИА) - Часови пред завршувањето на КОП29 во Баку, претседателството ги објави првите предлог-решенија од конференцијата, во кои се утврдени финансиски цели за климатски проекти.

Предлогот предвидува собирање на 250 милијарди долари годишно за поддршка на земјите во развој до 2035 година. Средствата ќе се прибираат од јавни и приватни извори, билатерални и мултилатерални, како и од алтернативни извори.

Фондот, познат како Нова колективна квантифицирана цел (NCQG), ќе се користи за националните климатски планови, мерки за адаптација и транзиција кон нискојаглеродна економија.

Документот ги повикува земјите во развој да дадат дополнителни придонеси, вклучително и преку соработка меѓу јужните држави. Голем дел од јавните средства ќе се насочат преку постојни фондови како Фондот за адаптација и Фондот за најсиромашните земји.

Преговарачките страни започнаа дискусија и преговори за текстот.

Конференцијата на ООН за климата е предвидено да заврши вечерва. ссм/

фото: архива

Остани поврзан