• петок, 12 јули 2024

Климатската криза во фокусот на средбата Сакеларопулу - Каселакис

Климатската криза во фокусот на средбата Сакеларопулу - Каселакис

Атина, 3 октомври 2023 (МИА) - Климатската криза беше главната тема за која разговараа претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, на нивната денешна средба, прва по изборот на новиот претседател на најголемата грчка опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Сакеларопулу и Каселакис се согласија дека „климатската криза е тука“, претседателката порача дека во иднина ситуацијата нема да биде полесна, а претседателот на СИРИЗА ја истакна важноста на „инвестирањето во превенцијата“.

Каселакис се осврна на неговата вчерашна посета на подрачјата погодени од поплавите, посочи дека „на многу сограѓани им е потребна итна помош од државата", истакнувајќи дека сѐ што можат да направат, како опозиција, ќе го сторат тоа. 

Претседателката на Грција потенцираше дека државниот механизам мора секогаш да биде подготвен, а тоа ги вклучува и локалната самоуправа и локалното население и се осврна на пожарите во Еврос и поплавите во Тесалија, за кои рече дека „донесоа големи потреси во животите на луѓето“. 

-Она што го доживеавме беше шокантно, пожари на север, поплави во центарот на државата. Она што исто така е потребно се и согласностите. За што и да е потребно е да се бараат согласности. Потребна е соработка на сите со најдобри намери за да можеме да се соочиме со овие предизвици, истакна Сакеларопулу. ср/сд/

Остани поврзан