Кливленд го елиминира Мајами, Голден Стејт на чекор до четвртфинале во НБА-плејофот
- Со победата остварена ноќеска на гостински терен 138:83, тимот на Кливленд кавалирс ја доби серијата со Мајами хит во 1. коло на плејофот од НБА-лигата. Кавалирс ги елиминира жешките од Флорида со максимални 4:0.

Мајами, 29 април 2025 (МИА) – Со победата остварена ноќеска на гостински терен 138:83, тимот на Кливленд кавалирс ја доби серијата со Мајами хит во 1. коло на плејофот од НБА-лигата. Кавалирс ги елиминира жешките од Флорида со максимални 4:0.
Во четвртфиналето Кливленд ќе се соочи со поуспешниот од пресметката Индијана – Милвоки (3:1 моментален резултат во серијата прв до четири победи).
На вториот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник, Голден Стејт вориорс на свој терен го совлада Хјустон рокетс со 109:106.
„Воините“ поведоа со 3:1 и само една победа ги дели од пласман во четвртфиналната фаза. зс/
Фото: ЕПА