• понеделник, 06 јануари 2025

Клебо го освои скиатлонот на шестата етапа на Тур де ски

Клебо го освои скиатлонот на шестата етапа на Тур де ски

Вал ди Фием, 4 јануари 2025 (МИА) - Норвешкиот крос-кантри скијач Јоханес Клебо победи во скиатлонот на шестата етапа на повеќедневната трка Тур де ски во Вал ди Фием, Италија.

Дваесет и осумгодишниот Норвежанец помина 20 километри за 49 минути 29,0 секунди. 

Втор беше Италијанецот Федерико Пелегрино со 2,4 секунди заостанување зад лидерот. 

Првата тројка ја комплетираше уште еден Норвежанец, Јан Томас Јенсен (+3,9). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан