• четврток, 04 декември 2025

КК Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

КК Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Белград, 27.ноември 2025 (МИА) – Извршниот и Управниот одбор на Партизан донесоа одлука да му дадат поддршка на тренерот Жељко Обрадовиќ. Тоа значи дека неговата оставка од вчера е одбиена.

Оваа одлука на предлог на претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ едногласно е одбиена и Обрадовиќ доби целосна поддршка да продолжи со работа на позицијата шеф на стручниот штаб на „црно-белите“.

Трофејниот тренер има максимална доверба и неговата работа во ниту еден момент не била под знак на прашање.

Првите луѓе на клубот сега ќе бидат насочени пред сè да го убедат Обрадовиќ да ја промени одлуката, а за потенцијален заменик не размислуваат. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан