• вторник, 05 ноември 2024

Кишида: Градењето плодни односи меѓу Јапонија и Северна Кореја ќе биде од корист и на двете земји

Кишида: Градењето плодни односи меѓу Јапонија и Северна Кореја ќе биде од корист и на двете земји

Токио, 28 март 2024 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека градењето „плодни“ односи со Северна Кореја ќе биде од корист за двете земји и ќе помогне за регионалната стабилност, неколку дена откако Пјонгјанг отфрли каков било понатамошен контакт или преговори со Токио.

-Ние ќе продолжиме да се занимаваме со прашања поврзани со Северна Кореја, вклучително и долгогодишното прашање за јапонските државјани киднапирани од Пјонгјанг во 1970-тите и 1980-тите, додека се обидуваме да воспоставиме дијалог на високо ниво, рече Кишида на прес-конференција.

Од почетокот на 2023 година, Кишида ја изрази својата желба да одржи самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за да се реализира враќањето на јапонските граѓани киднапирани од Пјонгјанг во минатото.

Двете азиски нации немаат дипломатски односи. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан