• недела, 22 декември 2024

Кириленко: Најмалку седум цивили загинаа во Бахмут

Кириленко: Најмалку седум цивили загинаа во Бахмут
Киев, 25 октомври 2022 (МИА) - Најмалку седум цивили загинаа, а тројца се ранети во Бахмут, град во источна Украина во областа Доњецк, кој со месеци е место на интензивни борби со руската армија, изјави денеска регионалниот гувернер Павло Кириленко.
„Телата на тројца претходно убиени цивили се откриени на два локалитета во регионот“, напиша Кириленко на Телеграм.
Украинската армија извести за руска офанзива во правец на Бахмут, во северниот дел на регионот.
Вчера, украинските војници ги одбија руските напади во близина на десет локалитети, вклучувајќи го и Бахмут, во регионите Доњецк и Луганск. паг/
 

Остани поврзан