• понеделник, 23 декември 2024

Кирби: Евакуацијата на цивилите од Газа за 24 часа е тешка задача

Кирби: Евакуацијата на цивилите од Газа за 24 часа е  тешка задача

Вашингтон, 13 октомври 2023 (МИА) - Предупредувањата на израелската војска дека околу 1,1 милион цивили во северниот дел на Газа треба да бидат евакуирани на југ од енклавата во следните 24 часа е тешка задача, изјави координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Притоа тој избегна да ги критикува израелските одбранбени сили, јавија британските медиуми.

-Ние разбираме што се обидуваат да направат: сакаат да ги извлечат цивилите од опасност и да им дадат фер предупредување, рече Кирби. 

Тој нагласи дека сега е сè уште многу тешко, бидејќи имаме работа со повеќе од милион луѓе и многу урбана, густо населена средина. 

-Тоа е веќе борбена зона, па мислам дека никој не треба да го потцени предизвикот за извршување на таа евакуација, рече тој. 

Кирби истакна дека САД не сакаат да гледаат повредени цивили.

-Очигледно, колку повеќе време имаат тие луѓе, толку ќе е подобро, рече американскиот функционер. 

Кирби додаде дека САД продолжуваат да се залагаат за безбедно излегување од Газа и дека се во континуирана дискусија со израелските и египетските власти за тоа. 

ОН веќе објавија дека наредбата за масовна евакуација е невозможна без поголеми хуманитарни последици. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан