• недела, 22 декември 2024

Кипар доби прва жена претседател на Парламентот

Кипар доби прва жена претседател на Парламентот
Никозија, 10 јуни 2021 (МИА) – Кипарскиот Парламент денеска ја доби првата жена претседател, откако пратениците, при второто гласање, со 25 гласа „за“ ја избраа 35-годишната Анита Димитриу, јави дописничката на МИА од Атина. Димитриу е членка на централно десничарската партија ДИСИ, која победи на парламентарните избори пред десет дена, и партијата чиј лидер беше и актуелниот претседател на Кипар Никос Анастасиадис. По изборот на Димитриу, Анастасиадис ја истакна важноста што земјата доби жена на позицијата претседател на Парламентот. -Она што е важно е дека денеска се испраќа силна порака до сите жени на Кипар, до сите граѓани на Кипар дека жените можат и заслужуваат да бараат слични позиции, истакна Анастасиадис. ср/гт/

Остани поврзан