• четврток, 26 март 2026

Кино на отворено во Кочани - проекции на филмот „Човекот со чудна навика“ и на документарецот „Ефтеркланг Македониум бенд"

Кино на отворено во Кочани - проекции на филмот „Човекот со чудна навика“ и на документарецот „Ефтеркланг Македониум бенд

Кочани, 13 септември 2025  (МИА) - На Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ за вечер се најавени проекции на краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија и долгометражниот документарен музички филм „Ефтеркланг Македониум бенд" во режија Андреас Јонсен.

По прокецијата следува разговор со еден од главните протагонисти во филмот на данецот Андреас Јонсен, нашиот Владица Младеновски. Прикажувањето на филмовите започнува во 20 часот и е бесплатно.

Синоќа беа прикажани филмовите „Пепи и Муто“ во режија на младиот Георги Унковски и „Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, со Благој Веселинов - Бажо во главната улога и Наталија Теодосиевска, која има епизодна ролја, двајцата родени кочанци.

Кино на отворено во Кочани е иницијатива посветена на заедницата и младите во овој град, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година, од страна на Јуроп хаус. Реализатори се Младинскиот културен центар од Скопје, кој донесе одлична опрема и техника за кино на отворено и ЦК „Бели мугри“.ис/лв/

 фото: МИА

 

Остани поврзан