• понеделник, 23 декември 2024

Кинеското МНР објави список на заблуди во американската перцепција за Кина

Кинеското МНР објави список на заблуди во американската перцепција за Кина
Пекинг, 9 септември 2022 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи објави напис со наслов „Заблуди во перцепцијата на Америка за Кина и вистината“ како одговор на говорот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за кинеската политика.
Како што пренесе Кинеската медиумска група (ЦМГ), „Министерството наведе 21 заблуда во американската перцепција за Кина, побивајќи ги една по една со факти и податоци, откривајќи ја измамата, лицемерието и штетата на американската политика кон Кина“.
Во неодамнешниот говор за кинеската политика, Блинкен рече дека Кина претставува „најсериозен долгорочен предизвик“ за меѓународниот поредок, „преувеличувајќи ги кинеските закани, мешајќи се во внатрешните работи на Кина и валкајќи ја внатрешната и надворешната политика на Кина“, пишува ЦМГ. Кинеското Министерство за надворешни работи оцени дека „меѓународниот поредок заснован на правила“ што го рекламираат Соединетите Американски Држави е всушност „реплика на американската политика на моќ, наметнувајќи ја сопствената волја и стандарди на другите и ги заменува општоприфатените меѓународни закони со 'правила на банди' на неколку земји“.
Во написот се нагласува дека концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото, предложен од Кина, неколку пати е впишан во важни документи на мултилатералните механизми како што се Обединетите нации и Шангајската организација за соработка.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека Кина стана важен столб на мултилатерализмот, а целта на кинеската практика на мултилатерализам е да изгради заедница со заедничка иднина за човештвото.
„Кина верува дека постои само еден поредок во светот, меѓународниот поредок заснован на меѓународното право; има само еден збир на правила, основни норми кои ги регулираат меѓународните односи засновани на целите и принципите на Повелбата на ОН“, се нагласува во текстот. паг/
 

Остани поврзан