• вторник, 24 декември 2024

Кинески тим во Турција извлече трудница под урнатините

Кинески тим во Турција извлече трудница под урнатините

Анкара, 10 февруари 2023 (МИА) - Кинески и локални спасувачки тимови синоќа извлекоа бремена жена затрупана под урнатините на зграда во јужниот турски град Антакија, три дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди таа земја и северна Сирија. 

Според Чајма Медиа Груп (China Media Group - CMG), 82-член кинески спасувачки тим, вклучително и специјалисти за потрага и спасување и медицински третман, се упати кон еден од најтешко погодените региони во Турција откако слетаа на меѓународниот аеродром во Адана во средата. 

„По пристигнувањето на местото на настанот, кинеските спасувачи веднаш им се придружија на нивните турски партнери во спроведувањето на планот за спасување и ја спасија жената“, изјави Жао Јанг, заменик лидер на кинескиот спасувачки тим. 

Тимот испратен од кинеската влада беше придружуван од неколку кинески цивилни тимови подготвени да се приклучат на меѓународните напори за спасување. 

Првата група од тимот на Blue Sky Rescue (BSR), професионална непрофитна организација за пребарување и спасување, пристигна во Турција во средата. Многумина од 50-члениот тим имаат меѓународно искуство за спасување. паг/

Остани поврзан