• среда, 15 мај 2024

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо оставри работна посета на Општина Крива Паланка

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо оставри работна посета на Општина Крива Паланка
Крива Паланка, 20 август 2021 (МИА) – Амбасадорот на Република Кина, Џанг Ѕуо, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на која се разговарало за можностите за соработка во областа на производтво на соларна енергија, земјоделието и минералната индустрија, како и останати области од зеднички интерес. -Задоволство ми е што амбасадорот Ѕуо е денес наш гостин во Крива Паланка. На средбата заклучивме дека како локални заедници и како држави имаме огромен протор за соработка пред сè на полето на културната размена, спортот и други дејности. Соработката која мора да ја интензивираме, а за која пројавија интерес е производство на соларна енергија и фотоволтаици. На средбата веќе имаме најава за донација и со општинските  служби ќе дадеме насоки  како да се распореди. Она што ме радува е што неговата екселенција амбасадорот Ѕуо веќе ја прифати и поканата да биде наш гостин на празникот на градот 8-ми Октомври, кога ќе дадеме поголем импулс на она што значи продлабочување на соработката, изјави градоначалникот Мицевски. Амбасадорот Ѕуо се заблагодари на градоначалникот за поканата во, како што рече, ова прекрасно место, богато со раскошна природа и култура. -Мислам дека постојат големи можности и потенцијал за соработка помеѓу Кина и РС Македонија, како и помеѓу Крива Паланка и Кина. Имате повеќе области, според она што го кажа градоначаникот, како карате и пинг-понгот во кои може да се прошири соработката, а имате и бројни потенцијали за културна размена и соработка на полето на образованието, со акцент на релацијата со д-р Фросина којашто работи во Вухан, Кина. Крива Паланка имала значајна улога во патот на свилата, што е добра основа за соработка, а бидејќи од Крива Паланка се извезуваат продукти во Кина сето тоа се можности извозот и размената на стоки да продолжат, но и да се продлабочи таа соработка, рече Ѕуо. Освен соработка на поле на култура, спорт и образование, беше истакнато и дека може да се соработува во областа на инвестиции во индустриски капацитети во агрикултурата, земјоделството и минералната индустрија. -Би сакал да ја презентирам и промовирам Крива Паланка на локалните влади во Кина и на моите соработници и пријатели, да дојдат и да ја посетат, и сигурен сум дека со препорака ќе има бројни кинески туристи во вашиот град кога ќе се стабилизира состојбата со Ковид-19 пандемијата. Би нагалсил и дека во оваа пандемија Република Кина и РС Македонија ја потврдија соработката и на полето на медицината, бидејќи на три пати Кина испорача вакцини во вашата земја, дел донација, дел купени. На крај, би се заблагодарил уште еднаш за поканата на градоначалникот во овој прекрасен град и планирам и во иднина да се вклучам во дел од активностите што овде се случуваат, а би им прпеорачакл на сите мои колеги да го посетат градот, да го посетат манастирот Св.Јоаким Осоговски  и да уживаат во вкусната храна, додаде амбасадорот Ѕуо. ид/аа/

Остани поврзан