• петок, 22 ноември 2024

Кина: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат

Кина: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат
Пекинг, 12 август 2020 (МИА) - Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијен денеска упати демарш д САД и порача дека Кина доследно е против официјалната комуникација помеѓу САД и Тајван. - Тие што си играат со оган, ќе се изгорат, истакна Жао по повод посетата на американскиот министер за здравство Алекс Азар на Тајван. Азар, за врема на тридневната посета на Тајван, изјави дека Кина избрала да не го предупреди светот за Ковид-19 и оти го предала духот на соработката, кој е неопходен за глобалното јавно здравје. Жао наведе дека Азар не треба да патува во странство туку да му се посвети на кризата со Ковид-19 во САД - Апелираме до американската страна да се придржува до принципот за една Кина и да прекине какви било официјални размени со подрачјето Тајван, со што ќе се избегне сериозно нарушување на кинеско-американските односи и соработката во важните области и нема да бидат загрозени мирот и стабилноста во областа на Тајванскиот Проток, посочи Жао. ми/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан