• среда, 25 декември 2024

Кина подготвува рекордна емисија обврзници во вредност од 411 милијарди долари

Кина подготвува рекордна емисија обврзници во вредност од 411 милијарди долари

Пекинг, 25 декември 2024 (МИА) – Кина следната година планира да продаде специјални трезорски обврзници од три билиони јуани (411 милијарди долари), со цел да ја поттикне економијата.

Средствата од обврзниците ќе бидат употребени како субвенции за потрошувачката, надградба на бизнис опремата, како и вложување во клучната технологија и напредните производствени сектори.

Кинеските специјални државни обврзници се издаваат за посебни цели – како што е финансирање на потрошувачката за анулирање на последиците од пандемијата и поради тоа не се пресметани во главниот буџетски дефицит. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан