• понеделник, 09 септември 2024

Кина најуспешна на Параолимписките игри

Кина најуспешна на Параолимписките игри

 

Париз, 8 септември 2024 (МИА) – Откако на последниот ден од Параолимписките игри во Париз се одржаа маратонски трки во сите четири категории, познат е и конечниот пласман на освоени медали.

Најуспешни се Кинезите со 220 медали од кои 94 златни, 76 сребрени и 50 бронзени медали.

Втори се Британците со 124 медали, од кои 49 златни, 44 сребрени и 31 бронзени.

Американците се трети со 36 златни, 42 сребрени и 27 бронзени.

Единствен македонски претставник на Параолимписките игри во Париз беше Оливера Наковска – Бикова, која го заврши настапот со две осми и едно 17–то место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан