• петок, 15 ноември 2024

Кина изрази незадоволство откако ЕУ воведе царини за увоз на кинески електрични возила

Кина изрази незадоволство откако ЕУ воведе царини за увоз на кинески електрични возила

Пекинг, 13 јуни 2024 (МИА) - Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила, соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања.

„Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на неодамнешната трилатерална средба Кина-Франција-ЕУ и да ги реши економските и трговските несогласувања преку дијалог“, изјави портпаролот на Министерството за трговија.

Тој додаде дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на легитимните права и интереси на кинеските претпријатија. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан