Кина изрази загриженост за безбедноста на дипломатските службеници по пукање на Западниот Брег
- Кина соопшти дека категорично се противи на заканите за безбедноста и сигурноста на дипломатските службеници по извештаите дека израелски војници отвориле оган во близина на дипломатска делегација на Западниот Брег.
Пекинг, 22 мај 2025 (МИА) – Кина соопшти дека категорично се противи на заканите за безбедноста и сигурноста на дипломатските службеници по извештаите дека израелски војници отвориле оган во близина на дипломатска делегација на Западниот Брег.
Кина, исто така, ги повика релевантните страни, особено Израел, да не преземаат „чекори кон ескалација“, изјави на редовна прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Таа додаде дека Пекинг внимателно го следи инцидентот.
Неколку европски земји, како и ЕУ, ОН, Јапонија и Канада изразија протест откако израелските сили отворија оган за време на посета на дипломати на Западниот Брег. Посетата била организирана од Палестинската автономна власт, а израелските сили изјавија дека истрелите биле предупредувачки. јт/
Фото: ЕПА