• четврток, 21 ноември 2024

Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ, изборите се внатрешна работа на САД

Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ, изборите се внатрешна работа на САД

Пекинг, 6 ноември 2024 (МИА) - Претседателските избори во САД се внатрешно прашање на оваа земја, а Кина го почитува изборот на американскиот народ, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

„Нашата политика кон САД е конзистентна, ќе продолжиме да ги согледуваме кинеско-американските односи и да управуваме со нив врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисни акции“, рече Мао.

Претходно денеска кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан