• петок, 22 ноември 2024

Кина забрани увоз на свинско месо од Германија

Кина забрани увоз на свинско месо од Германија
Берлин, 15 септември 2020 (МИА) - Кина забрани увоз на свинско месо од Германија поради потврден случај на Африканска свинска чума на фарма во една германска првинција. Асоцијацијата на германски фармери (ДБВ) побара забраната  да важи само за областа каде е откриена болеста, а да нема национална забрана за извоз. Германија е трет најголем извозник на свинско месо во светот. Забраната за увоз на германско свинско месо во Кина ќе биде од корист на другите големи извозувачи, како САД, Шпанија и Бразил. Афрканската свинска чума се пренесува преку контакт на телесните течности на заразените животни. Болеста е фатална за свињите, но не и за луѓето. ми/  

Остани поврзан