• петок, 22 ноември 2024

Ким Џонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

Ким Џонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

Пјонгјанг, 21 мај 2024 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун упати сочувство до Иран поради смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа, објави државната новинска агенција.

Ким во пораката посочува дека смртта на Раиси е „голема загуба“ за Иран и дека се надева дека ужалените семејства ќе закрепнат што е можно поскоро.

Раиси беше „извонреден државник и близок пријател“ кој даде „голем придонес во идејата на иранскиот народ за зачувување на суверенитетот, развојот и интересите на својата земја и успехот на исламската револуција“, рече Ким, пренесе агенцијата.

Северна Кореја и Иран имаат блиски врски и постои сомневање дека двете земји соработувале во програмите за балистички ракети, најверојатно споделувајќи технички податоци. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан