• петок, 05 декември 2025

Ким Јо-џонг ги отфрла мировните понуди на Јужна Кореја

Ким Јо-џонг ги отфрла мировните понуди на Јужна Кореја

Пјонгјанг, 14 август 2025 (МИА) - Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави дека мировните понуди на новата либерална влада на Јужна Кореја се „измама“ и негираше дека Пјонгјанг презел каква било реципрочна акција, објавија севернокорејските медиуми.

Ким, исто така, рече дека Северна Кореја нема да седне на маса за дијалог со САД, велејќи дека извештаите што сугерираат таков развој на настаните се „неточни шпекулации“. мс/

фото: ЕПА архива

 

Остани поврзан