• сабота, 21 декември 2024

Кик-боксинг клубот „АС" со пет учесници на Државното првенство во кик-боксинг

Кик-боксинг клубот „АС

Делчево, 12 февруари 2023 (МИА) - Кик боксинг клубот „АС" од Делчево со пет натпреварувачи ќе учествува на Државното првенство во кик-боксинг кое денеска ќе се одржи во Арената ,,Борис Трајковски" во Скопје.

Боите на Кик Боксинг клубот „АС" покрај стандардните репрезентативци, како  што истакна тренерот Љупчо Петровски, ќе ги бранат и дебитанти кои прв пат ќе настапат на големо натпреварување.

- Со учеството на Државното првенство практично ја започнуваме натпреварувачката 2023 година. Во изминатиот период, нашите кик-боксери напорно тренираа и сметам дека се спремни за настап. Сите ќе настапат во дисциплината кик-лајт и тоа Дилан Ивановски во дициплината сениор, Павел Николовски, Арнес Хајдер и Павел Стојчевски во јуниорска категорија и Андреј Митков како  постар кадет ќе учествува на турнирот, истакна тренерот Љупчо Стојчевски, кој заедно со Влатко Ситновски ќе ја дели правдата, а на екипата ќе и се придружи и тренерот Елена Станковиќ.
 
За клубот од Делчево, како што додаде, минатата година беше повеќе од успешна, најмногу поради освоените златни медали освоени на турнири во Црна Гора, Србија и Бугарија. 
 
На претстојното Државно првенство најавено е учество на 28 клубови од Република Северна Македонија со околу 320 кик-боксери. вс/цр

Остани поврзан