• четврток, 21 ноември 2024

Киеза и постави ултиматум на Барселона

Киеза и постави ултиматум на Барселона

Торино, 27 август 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза и постави ултиматум на Барселона, објави новинарот Џанлука ди Марцио.

Италијанецот им дал еден ден на Каталонците да достават понуда за трансфер. Ако Барселона не го направи ова, Киеза ќе се префрли на други опции.

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Киеза е подготвен да се пресели во Ливерпул.

Фудбалерот настапува за тимот од Торино од летото 2022 година. За Јувентус одигра 131 натпревар, постигна 32 гола и 23 асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот на 35 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан