Киев: Досегашното темпо на санкции е премногу бавно и недоволно
- Официјален Киев не е задоволен од одлуките од Брисел, иако ЕУ на последната средба на нејзините лидери го воведе шестиот пакет санкции за Русија.
Мадрид, 31 мај 2022 (МИА) - Официјален Киев не е задоволен од одлуките од Брисел, иако ЕУ на последната средба на нејзините лидери го воведе шестиот пакет санкции за Русија.
Со тој пакет санкции се забранува најголемиот дел од увозот на нафта од Русија.
„Ако ме прашувате мене, би рекол премногу бавно, предоцна и дефинитивно недоволно“, рече Жовква.
Тој додаде дека Украина не е задоволна со ритамот на испорака на оружје од Запад. „Дефинитивно не сме задоволни“, рече тој, одговарајќи на прашања по говорот.
„Доколку бевме задоволни, веднаш ќе започневме со ослободување на Мариупол и ќе ги истеравме руските сили од Донбас“, рече Жовква. паг/