• среда, 09 октомври 2024

Киев ги осуди руските избори на окупираниот Крим

Киев ги осуди руските избори на окупираниот Крим

Киев, 8 септември 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Украина ги осуди руските избори на окупираниот Крим, нагласувајќи дека со тоа се прекршува меѓународното право.

- Уште еднаш нагласуваме дека резултатите од „изборите“ на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим се безвредни, а самите „избори“ се нелегитимни, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството додаде дека инволвираните во „подготовката и одржувањето на „изборите“ ќе бидат кривично гонети во согласност со сегашното законодавство на Украина“, пренесува Бета.

Од 6 до 8 септември, руските власти во окупираниот регион одржаа гласање за парламентот на Крим, наметнат од Русија, општинскиот законодавен дом на пристанишниот град Севастопол и членови во локалните совети.

Русија го окупираше Крим во 2014 година. јт/

Остани поврзан