• петок, 22 ноември 2024

Киа го прекинува производството во три фабрики во Кореја

Киа го прекинува производството во три фабрики во Кореја
Сеул, 13 април 2020 (МИА) – Јужнокорејската компанија Киа Моторс го извести синдикатот дека планира да ја прекине работата во своите три фабрики во земјата, поради намалениот извоз во Европа и САД предизвикан од пандемијата на коронавирусот. Синдикатот се уште не дал согласност за планот на менаџментот, о кој во моментов преговара за плати, соопшти претставник на синдикатот, без да открие повеќе детали. Работата во фабриките би запрела од 23 до 29 април. Од менаџментот на Киа Моторс за сега нема коментар за ова прашање. јт/

Остани поврзан