• понеделник, 23 декември 2024

Кејт Хадсон и Метју Меконахи „отворени“ за идејата за продолжение на нивната љубовна комедија

Кејт Хадсон и Метју Меконахи „отворени“ за идејата за продолжение на нивната љубовна комедија

Лос Анџелес, 22 јyли 2024 (МИА) - Кејт Хадсон тврди дека таа и Метју Меконахи се отворени за идејата за продолжение на љубовната комедија „Како да изгубиш момче за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) од 2003 година. Американската глумица говори за тоа во последното свое интервју за емисијата „Watch What Happens Live“.

- Со Меконахи разговаравме за враќање на улиците на Менхетен, разрушени од љубов... Мислам дека тие (продукциските студија) секогаш размислуваат за тоа, изјави Хадсон.

Меконахи еднаш говореше дека веќе не би глумел во „нереално плитки“ љубовни комедии, но прашан токму за ова продолжение, за „Ентертејнмент“ (Entertainment), во 2020 година, рече дека овој филм е нешто сосем друго.

- Мислам дека „Како да изгубите момче за 10 дена“ е скроен, знаете, скроен за од него (филмот) лесно да излезе продолжение. И беше навистина добар. Што се однесува до романтичните комедии, оваа беше навистина добра!, нагласи глумецот.

Филмот „Како да изгубите момче за 10 дена“ е заснован на истоимената книга на Мишел Александар и Џени Лонг. Приказната ги следи колумнистката Енди Андерсо и стручњакот за реклами Бенџамин Бери. Нивните патишта се вкрстуваат кога Енди почнува да пишува за тоа како да натерате маж да ве остави за 10 дена, а Бенџамин се обложува со колегите дека може да натера жена да се вљуби во него за исто толку време.  си/паг/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан