• сабота, 05 октомври 2024

Кејн: Кога играв за Милвол не ни помислував дека ќе одиграм 100 натпревари за Англија

Кејн: Кога играв за Милвол не ни помислував дека ќе одиграм 100 натпревари за Англија

Лондон, 11 септември 2024 (МИА) - Капитенот на Англија, Хари Кејн беше во центарот на вниманието во вторникот вечерта кога беа во прашање натпреварите од Лигата на нации.

Кејн стана само десеттиот играч со сто настапи за Англија, а во дуелот со Холандија (2:2) постигна и два гола.

-Не сум ни помислил дека еден ден би можел да го одиграм мојот 100-ти натпревар за репрезентацијата кога бев на позајмица во Милвол, Норич и Лестер, рече помалку во чудење Кејн.

Во тоа време, додадав, му било само важно да се врати во Тотенхем.

-Секогаш имав доволно самодоверба и со текот на годините во Спарс научив многу од Маурисио Покетино, изјави Кејн на прес-конференцијата по мечот. дс

Фото: Принтскрин

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан