• петок, 19 јули 2024

Кејли Куоко има ново момче

Кејли Куоко има ново момче
Лос Анџелес, 5 мај 2022 (МИА) - Глумицата Кејли Куоко, можеби најпозната по американските хумористични серии „Бубалици“ (The Big Bang Theory) и „Стјуардеса“ (The Flight Attendant), објави дека има ново момче. Станува збор за глумецот и добитник на две „Еми“ награди за глума, Том Пелфри (40). Тој ја потврди веста, споделувајќи една од заедничките романтични слики, каде што тој ја бакнува, а таа се смешка.
„Животот во последно време... Сонцето се пробива низ облаците, а златните зраци ми се лизгаат во очите и срцето. Жолти зраци - за да го разбијат сивилото“, ја опиша Куоко сликата.
Пораката е исполнета со црвено срце, елка и неколку други емотикони, што можеби укажуваат на заедничко патување или одмор.
Куоко поднесе барање за развод од Карл Кук минатиот септември, по три години брак.  си/гт/

Остани поврзан