• вторник, 05 ноември 2024

Кер: Можноста да го тренирам Кари е единствената причина што сè уште сум тука

Кер: Можноста да го тренирам Кари е единствената причина што сè уште сум тука

Сан Франциско, 18 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, го изрази своето воодушевување од настапот на Стеф Кари во претсезонскиот тренинг камп.

- Им благодарам на моите ѕвезди секој ден. Буквално секој ден. Тоа што можам да го тренирам Стеф е единствената причина поради која сè уште сум тука. Тој е неверојатна личност, не само играч. Тонот што тој го поставува за целиот тим ми ја олеснува работата многу. Сè што постигнавме немаше да биде возможно без Стеф. Имав среќа да го тренирам, среќа да го гледам секој ден. Тој е во неверојатна форма. Иако има 35 години, е во подобра форма од кој било во тимот, изјави Кер.

Голден Стејт вориорс вечер во 4 часот по полноќ ќе се соочи со Сакраменто кингс во еден од последните свои подготвителни натпревари пред почетокот на сезоната 2023/24. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан