Кер: Кошарката ја претвораме во парада на слободни фрлања, одвратно е да се гледа
- Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер го критикуваше судењето во НБА по 18-те слободни фрлања на Никола Јокиќ на синоќешниот натпревар.
Денвер, 26 декември 2023 (МИА) – Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер го критикуваше судењето во НБА по 18-те слободни фрлања на Никола Јокиќ на синоќешниот натпревар.
По божиќниот натпревар Денвер нагетс - Голден Стејт (120:114), тренерот на Вориорс изрази незадоволство од тоа како лигата ги оценува дуелите меѓу играчите што може да доведат до лични грешки.
- Да бев навивач, не би сакал да го гледам второто полувреме од денешниот натпревар. Беше одвратно. Тоа беше како мамка, судиите беа принудени да ги носат овие одлуки и едноставно немаа друг избор... да, играчите во оваа лига се дефинитивно паметни. Во текот на изминатата деценија, тие станаа сè попаметни и пософистицирани. Самите им ја пруживме оваа можност на играчите и тие целосно ја користат предноста, вели Кер.
Изјавата на тренерот Кер доаѓа по 18-те слободни фрлања на Никола Јокиќ. Србинот ги погоди сите слободни фрлања и постави рекорд во кариерата.
Јокиќ по натпреварот изјави дека нема намера да глуми прекршок и да провоцира слободни фрлања во моментите на контакт со противникот. Тој се фокусира на тоа да остане агресивен и да се надева дека судиите ќе одлучат соодветно. зс/
Фото: ЕПА