• четврток, 14 ноември 2024

„Кемет електроникс“ ќе го проширува капацитетот на фабриката во Бунарџик

„Кемет електроникс“ ќе го проширува капацитетот на фабриката во Бунарџик
Скопје, 23 април 2021 (МИА) - Американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет електроникс“ ќе го проширува капацитетот на постојната фабрика во ТИРЗ Бунарџик. Во посета на фабриката денеска ќе престојува премиерот Зоран Заев придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски. Како што соопштија од владината прес-служба, вредноста на инвестицијата е 10 милиони евра, од кои еден дел ќе бидат вложени во Центар за истражување и развој. бт/скс/

Остани поврзан