КЕМЕТ Електроникс Македонија отвора нова производствена хала
- Компанијата КЕМЕТ Електроникс Македонија (КЕМЕТ, компанија на ЈАГЕО) денеска ќе отвори нова производствена хала и ќе организира Семеен ден за вработените.

Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Компанијата КЕМЕТ Електроникс Македонија (КЕМЕТ, компанија на ЈАГЕО) денеска ќе отвори нова производствена хала и ќе организира Семеен ден за вработените.
КЕМЕТ Електроникс Македонија (КЕМЕТ, компанија на ЈАГЕО) 12 години работи на производство на електронски компоненти во земјава. Лоцирана е во ТИРЗ Скопје 1,.
Од минатата година компанијата почна со изградба на нов објект заради проширување на производствените капацитети со што, најавува, ќе се отворат и дополнителни работни места. мч/са/