Келог го осуди рускиот напад врз Киев
- Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог го осуди синоќешниот руски напад врз Киев.
Вашингтон, 28 август 2025 (МИА) – Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог го осуди синоќешниот руски напад врз Киев.
- Синоќа Русија го изврши вториот најголем воздушен напад од почетокот на војната со 600 дронови и 31 проектил. Целите? Не беа војници и оружје, туку станбени области во Киев – гранатирање цивилни згради, канцелариите на Делегацијата на ЕУ и британската мисија, како и невини цивили. Овие страшни напади го загрозуваат мирот што Трамп се обидува да го постигне, напиша Келог на Х.
Според украински официјални лица, во нападот биле убиени најмалку 18 луѓе, а оштетена е и зградата на Делегацијата на ЕУ. јт/