Кај село Лојане пронајдени пет лица мигранти
- Во реонот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај местото викано „Шорта“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот денеска пронашле пет лица мигранти, двајц
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Во реонот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај местото викано „Шорта“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот денеска пронашле пет лица мигранти, двајца од Индија и три од Пакистан.
МВР денеска информира дека во 09.15 часот во реонот на селото Лојане, пронашле пет лица мигранти, бил извршен преглед на теренот и биле пронајдени еден пиштол „Зораки“ со една рамка со четири куршуми, два ножа, два мобилни телефони и полначи за мобилни телефони.
Мигрантите и предметите, стои во соопштението од МВР, биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. цр/скс/