Кај двајца турски државјани, најдена дрога
- Утрово полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат з што кај е пронајдена и одземена марихуана.
Гостивар, 1 октомври 2025 (МИА) - Утрово полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат з што кај е пронајдена и одземена марихуана.

- Во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. згм/дма/
Фото: СВР Тетово