• четврток, 25 април 2024

Кајак кану клубот „Арка-Борец“ Велес севкупен победник на меѓународен натпревар во Босна и Херцеговина

Кајак кану клубот „Арка-Борец“ Велес севкупен победник на меѓународен натпревар во Босна и Херцеговина

Велес, 20 март 2023 (МИА) – Велешкиот Кајак кану клуб „Арка-Борец“ е севкупен победник во сите категории со најмногу освоени бодови, од млади пионери, па се до сениори на меѓународниот натпревар  на кајак на диви води во дисциплината спуст на 4,5 километри  што вчера се одржа на реката Босна во градот Завидовиќи во Босна и Херцеговина. За најбрз натпреварувач е прогласен  Љубомир Спасиќ.

 На натпреварот учество земаа клубови и од Србија и Босна и Херцеговина, информира за МИА, Љубомир Спасиќ основач, претседател, тренер и натпреварувач од ККК „Арка-Борец“ Велес.

Млади пионери 1-во место Лука Велковски

Пионери 1-во место Андреј Апостолов

Млади кадети 3-то место Филип Димитријевски

Кадети 1-во место Благој Гугинов

Јуниори 1-во место Кристијан Лазаров

Сениори 1-во место Љубомир Спасиќ

Сениори 3-то место Александар Златаров

Сениори 5-то место Енис Небиовски

-Овој натпревар ќе влезе и во конечното бодување на рангот за балканската лига на која како главни носители се клубовите од нашата земја,Србија и Босна и Херцеговина, рече Спасиќ.

ККК „Арка Борец“ од Велес на овој натпревар беше единствен  претставник на нашата земја, а ККК „Илинден 90“ од Скопје учествуваше во аматерската дисциплина - ветерани.

Од ККК „Илинден 90“, прво пласиран беше Трајко Ангеловски, трето пласиран Ивица Крстиќ, а четврто пласиран Перо Доновски.

Спасиќ најави дека на 8 април ќе има Европски куп за кајак на диви води кој ќе се одржи на Матка. Од 16 до 20 мај, исто така, на Матка ќе се одржи Европското првенство за кајак на диви води за сениори.

Во Велес на Вардар на 17,18 и 19 август годинава ККК „Арка-Борец“ Велес ќе биде домаќин на Балканско првенство во кајак.

Претстојниот викенд ККК „Арка-Борец“ од Велес ќе учествува на второто коло од Балканската лига на кајак во Чачак во Србија.ад/

Фото: ККК „Арка-Борец“ Велес

Остани поврзан