• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп

Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп
Глендејл, 25 јули 2021 (МИА) – Репрезентациите на Катар и На Мексико ќе играат во полуфиналето на Голд купот КОНКАКАФ. Ова е епилогот по двата четвртфинални дуела одиграни рано утрово во Глендејл (САД) на кои Мексико го победи Хондурас со 3:0, додека Катар славеше со 3:2 против Салвадор. Во полуфиналето Мексико ќе се соочи со победникот од мечот Костарика - Канада, додека Катар ќе го чека подобриот од пресметката САД - Јамајка. зс/

Остани поврзан