Касами: Со ВРЕДИ се гради во општини каде со години гледавме само политички знамиња и хаос во реалноста
- СООПШТЕНИЕ - Најнапред, со целосна одговорност потенцирам дека за две години инвестираме 300 милиони евра во локални проекти — нешто што ниту една влада досега не го сторила, како што тоа го правиме ние.
Скопје, 18 јули 2025
Денеска Ви се обраќам не само како градоначалник на Општина Тетово, туку и како една од водечките личности на ВЛЕН – политичка сила која по 30 години конечно ја враќа државата на сите, а не само на привилегираните.
Најнапред, со целосна одговорност потенцирам дека за две години инвестираме 300 милиони евра во локални проекти — нешто што ниту една влада досега не го сторила, како што тоа го правиме ние.
Второ, албанските општини низ цела Западна Македонија и Скопје, кои децении беа оставени на маргините, денеска добиваат над 30% од вкупните средства. Затоа, со целосна одговорност велам дека историската неправда кон Албанците од страна на претходните влади конечно заврши.
Трето, ова е концепт што покажува дека конечно имаме влада која се грижи за граѓаните, гради и решава проблеми. Се гради во Тетово, се решаваат наследени проблеми, истото се случува и во Липково, Гостивар, Струга — насекаде каде што живеат Албанци. Ова никогаш досега не се случувало.
Почитувани,
Вчера Владата одобри 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони евра. Минатата година беа распределени 288 проекти во вредност од над 73 милиони евра.
Вкупниот износ за овие две години е околу 300 милиони евра – пари насочени за граѓаните и нивните потреби.
Овие средства се наменети за изградба на училишта, детски градинки, базени, нови патишта, водоводи, канализации, изградба на театри, спортски терени и многу повеќе.
Општините каде што живеат Албанци во Северна Македонија конечно ја добиваат својата артерија на развој и поддршка од државниот буџет.
Првпат, Албанците ги претставува коалиција која одлучува за нивните права.
Почитувани граѓани,
Да зборуваме отворено: со ВЛЕН се гради од Липково до Струга, од Чаир до Долнени, каде што, за жал, со години гледавме само политички знамиња и хаос во реалноста.
Без поделби – секоја општина е важна, секој граѓанин вреди за нас.
Во нашиот речник нема политички поделби – инвестираме во секоја општина, без разлика на политичките убедувања на локалните власти.
Затоа нема граѓани од прва и втора класа. Нашата цел е заедничка и ќе ја постигнеме за сите.
Веќе работиме – багерите се на терен, а не во разубавени видео-презентации, како што се правеше во минатото.
Освен инфраструктурата, овој програм носи локален економски развој: нови работни места, поголема побарувачка за градежните компании, зголемени приходи за малите бизниси што ги снабдуваат градилиштата.
Решаваме наследени проблеми од минатото!
Канализациите и водоводите што денес ги градиме беа планирани уште во минатиот век. Патиштата и булеварите што денес ги градиме беа ветувани со децении.
Времето на празни зборови заврши.
Времето на скапи Facebook-кампањи и фотографии заврши.
Драги граѓани,
Она што денес го правиме е повеќе од бројки — тоа е нов општествен договор. Нашата мисија е да ви ги вратиме вашите средства како видлив, мерлив и секојдневен бенефит.
ВЛЕН останува гарант дека договорот ќе се исполни.
За нас, патот кон европските стандарди не не води преку звучници, туку преку багери, асфалт и чиста вода во секој дом.
Времето на празни ветувања заврши.
Времето за конкретни резултати започна.
Ви благодарам!
https://www.swisstransfer.com/d/c323b210-6d4c-4944-a90d-0e0d629f1e6a
Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово и еден од водачите наВРЕДИ
___________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ВРЕДИ