Касами: На државата и треба функционална влада и институции кои ќе им служат на граѓаните
- Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами на дебатна емисија емитувана на телевизија Клан Македонија, зборуваше за парламентарните избори во Северна Македонија.

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) - Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами на дебатна емисија емитувана на телевизија Клан Македонија, зборуваше за парламентарните избори во Северна Македонија.
Касами истакна дека е потребно итно решение.
Според него, компромисот постигнат за одржување на изборите е добра волја и покрај тоа што истите ќе се одвиваат во вонредни услови, бидејќи овој пат изборите ќе се одржат на 15 јули, во среда наместо во недела како што предвидува Изборниот законик.
-Загрижувачко е зголемувањето на бројот на заразени, но загрижувачки е што државата нема функционална влада и функционални институции. Стабилната политичка влада може да биде во служба на граѓаните, како во поглед на здравството, така и од аспект на економијата, наведе Касами.ац/скс/