• недела, 22 декември 2024

Касами: Беса нема да влезе во евентуалната широка влада

Касами: Беса нема да влезе во евентуалната широка влада

Скопје, 11 јуни 2023 (МИА) - Лидерот на Беса, Биљал Касами најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада.

На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава вели дека неговата партија би влегла во Влада, дури по следните парламентарни избори.

- Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок, изјави Касами. фф/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан