• петок, 05 јули 2024

Картер: Ако Леброн стигне до двоцифрен број на финалиња, тој ќе биде пред Коби на моето рангирање

Картер: Ако Леброн стигне до двоцифрен број на финалиња, тој ќе биде пред Коби на моето рангирање
Вашингтон, 21 мај 2020 (МИА) - Ветеранот во НБА, Винс Картер, го смести Леброн Џејмс на третото место на списокот на врвни играчи, веднаш зад Мајкл Џордан и Коби Брајант. Картер го кажа условот под кој Џејмс ќе го помине Брајант на неговата листа. - Ако Леброн повторно стигне до финалето ... Тогаш тој ќе заслужи уште поголема почит кај мене. Двоцифрениот број на финалиња, тоа е „лудо“, изјави Картер. Џејмс има девет НБА финалиња, во кои три пати стигнувал до шампионскиот трофеј (со Мајами 2012 и 2013 година и со Кливленд во 2016 година. зс/

Остани поврзан