• петок, 05 декември 2025

Карлос Сајнц именуван како еден од директорите на Здружението на возачи на Гран при

Карлос Сајнц именуван како еден од директорите на Здружението на возачи на Гран при

Лондон, 24 февруари 2025 (МИА) – Пилотот на Вилијамс, Карлос Сајнц е новиот директор на Здружението на возачи на Гран при.

Сајнц е избран на функцијата со гласање. На оваа позиција тој ќе го замени Себастијан Фетел, кој ја заврши кариерата и повеќе не е активно вклучен во Формула 1 трките.

Здружението на возачи на Гран при е организација која ги застапува интересите на возачите во преговорите за различни прашања со ФИА и Формула 1. 

Првично Здружението беше основано во 1961 година, а потоа, по одреден прекин, се активира во 1994 година во светлината на смртта на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер.

Претседател на Здружението на возачи на Гран при е поранешниот Формула 1 возач Алекс Вурц, позиција на која се наоѓа од 2014 година. Покрај Сајнц, од актуелните возачи еден од директорите е и Џорџ Расел членот на Мерцедес. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан